• вторник, 26 ноември 2024

Францускaтa премиерка Борн ги повика синдикатите на разговори

Францускaтa премиерка Борн ги повика синдикатите на разговори

Париз, 5 мај 2023 (МИА) - Француската премиерка Елизабет Борн ги повика синдикатите на билатерални состаноци на 16 и 17 мај, додека Владата сака да помине на други прашања освен крајно непопуларната пензиска реформа, соопшти денеска нејзиниот кабинет.

Законот за пензиската реформа кој претседателот Емануел Макрон го потпиша минатиот месец и покрај неколкунеделните протести и штрајкови, го искристализираше незадоволството против претседателот кој многумина го сметаат за резервиран и рамнодушен кон нивните секојдневни проблеми.

Владата на Макрон, која нема мнозинство во Парламентот, го протурка законот за пензиите без конечно гласање, бидејќи недостигаше меѓупартиска поддршка.

Синдикатите рекоа дека ќе ги искористат претстојните разговори за да го потврдат своето противење на пензиските реформи и да работат на заеднички предлози за подобрување на условите за работа. Исто така тие најавија и нов ден на национални протести против реформите на 6 јуни. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан