• сабота, 23 ноември 2024

Француски тинејџер ќе биде прво засилување на Баер Леверкузен

Француски тинејџер ќе биде прво засилување на Баер Леверкузен


Париз, 7 јуни 2024 (МИА) – Германскиот фудбалски првак Баер Леверкузен е на чекор да го донесе во своите редови 19-годишниот дефанзивец на француски Рен, Жануел Белосијан, објави денеска весникот Л’Екип.
Според весникот, двата клуба вчера постигнале начелен договор за трансфер на Белосијан, кој ќе биде прво засилување на Баер за новата сезона.
Баер за услугите на младиот дефанзивец ќе плати 15 милиони евра.
Белосијан потекнува од академијата на Рен, а за сениорскиот тим минатата сезона одигра 23 натпревари.
Белосијан треба да потпише долгорочен договор со Баер Леверкузен до 2029 година. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан