• понеделник, 23 декември 2024

Француски мечувалка отфрла дисквалификација за допинг со објаснување дека се „заразила“ преку секс

Француски мечувалка отфрла дисквалификација за допинг со објаснување дека се „заразила“ преку секс

Париз, 22 мај 2024 (МИА) - Француската мечувалка Исаора Тибус е целосно ослободена од антидопинг трибуналот на Меѓународната мечувачка федерација, откако беше позитивна на тестот за остарин во јануари оваа година на Светското првенство во Париз.

Триесет и двегодишната Тибус успеа да докаже дека причината поради која забранетата супстанца влегла во нејзиното тело е „размена на телесни течности“ со нејзиното момче, американскиот мечувалец Рејс Имбоден, кој неодамна се пензионираше. 

Доколку ВАДА не ја оспори пресудата на меѓународната федерација, Исаора ќе може да учествува на Олимпијадата во Париз, каде што е претендент за медали на индивидуалните и екипните турнири.

- Важно е мојата невиност да биде официјално признаена. Од мојата седумгодишна возраст мечував речиси секој ден, а да ја изгубам мојата олимписка шанса психолошки би било многу тешко. Ослободителната пресуда ми донесе многу емоции и многу радост. Доживеав огромно олеснување по сите искуства што ги доживеав во последните месеци, рече Тибус во интервју за „АФП“.

За да докаже ненамерна инфекција, Исаора го ангажирала професорот по токсикологија Жан-Клод Алварез. Тој анализирал влакно од косата на Исаора и на Рејс, наоѓајќи високи нивоа на анаболичен агенс во примерокот на неговиот партнер. Покрај тоа, Имбоден намерно го земал лекот, по што долго време ја бакнувал својата девојка. Како резултат на овој експеримент, во телото на спортистката повторно беше пронајден допинг. 

Во случај на жалба од старана на ВАДА, случајот ќе биде решен на Спортската арбитража на CAS по што ќе се знае дали Тибус ќе може да настапи на Олимписките игри во нејзината татковина. зс/

Остани поврзан