• вторник, 24 декември 2024

Француските власти наложија повлекување на „Ајфон 12“ поради превисоко електромагнетно зрачење

Француските власти наложија повлекување на „Ајфон 12“ поради превисоко електромагнетно зрачење

Париз, 13 септември 2023 (МИА) - Агенцијата за технолошки надзор на француската Влада денеска наложи повлекување од пазарот на одредени „Ајфон“ телефони (iPhone), произведени од компанијата „Епл“ (Apple), бидејќи емитираат превисоко ниво на електромагнетно зрачење.

Агенцијата што ги следи радио-електричните фреквенции, како и изложеноста на електромагнетно зрачење, објави дека „Елп“е обврзан „брзо да го отстрани дефектот со сите достапни средства“. Во соопштението се наведува и дека Агенцијата ќе следи какви промени ќе направи компанијата на тој модел на телефон и дека, доколку процени дека зрачењето не е намалено, „Епл ќе мора да ги повлече“ веќе продадените телефони.

Агенцијата неодамна измери зрачење на 140 модели на телефони, вклучувајќи го и „Ајфон 12“. За време на тестирањето на дуоденумот, беше откриено дека додека телефонот се држи в рака или во џеб, лицето апсорбира 5,74 вати на килограм електромагнетна енергија.

Според законите пропишани од Европската Унија, дозволена е апсорпција од 4,0 вати по килограм, којашто „Ајфон 12“ ја испушта само кога се чува во јакна или торба. си/ми/

Фото: МИА архива

Остани поврзан