• среда, 25 декември 2024

Францускиот суд побара нова медицинска експертиза за смртта на Адама Траоре

Францускиот суд побара нова медицинска експертиза за смртта на Адама Траоре
Париз, 10 јули 2020 (МИА) - Француските истражни судии нарачаа нова медицинска експертиза за смртта на Адама Траоре, за што постојат сомневања за евентуално полициско насилство, јави дописникот на МИА. Траoре почина во 2016 година по неговото апсење од жандармите и се претвори во симбол на борбата против полициското насилство во Франција. Нова медицинска експертиза е нарачана по сослушувањето на сведокот, кај кого Траоре се засолни на денот на неговото апсење. - По сослушувањето од страна на истражните судии на 2 јули на сведокот, кај кого се засолни Адама Траоре, истражните судии одлучија, да наредат нова медицинска експертиза која им е доверена на белгиските лекари , изјавија адвокатите. Досега се направени две судски експертизи во Франција и нивните заклучоци се различни. По смртта на Џорџ Флојд и антирасистичките демонстрации ширум целиот свет, сестрата на Траоре организира протести за време на мерките на изолација во Париз, на кои учествуваа илјадници лица. тг/ми/

Остани поврзан