• недела, 24 ноември 2024

Францускиот Сенат дополнително го ограничи носењето хиџаб

Францускиот Сенат дополнително го ограничи носењето хиџаб
Париз, 31 март 2021 (МИА) - Францускиот Сенат синоќа усвои низа мерки со кои се ограничува носењето муслиманска марама (хиџаб), за време на расправата за нацрт-законот за „сепаратизам“ на чиј удар е радикалниот ислам. Меѓу мерките се забрана за носење муслимански превез за време на школски патувања, забрана за буркињи во базени, како и забрана за ставање шамија на малолетници. Предлог-законот предвидува мерки за неутралност на јавните служби, зголемена контрола на здруженијата, поголема транспарентност на сите верски групи и нивно финансирање, домашно образование или борба против сертификатите за невиност или полигамија. Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин рече дека целта не е да се користи религијата за да се контролира дијаспората. паг/  

Остани поврзан