• сабота, 21 декември 2024

Францускиот премиер Кастекс најави оставка во случај да победи Макрон

Францускиот премиер Кастекс најави оставка во случај да победи Макрон
Париз, 19 април 2022 (МИА) - Францускиот премиер Жан Катекс денеска изјави дека има намера да поднесе оставка по вториот круг од претседателските избори, доколку победи претседателот во заминување Емануел Макрон, јави радиото Франс Инфо.
- Ќе поднесам оставка во деновите по изборите доколку Макрон биде реизбран, рече Кастекс, додавајќи дека се зависи од изборните резултати.
Тој навести можност да остане на власт до парламентарните избори закажани за јуни, доколку лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен победи на претседателските избори, бидејќи тоа го дозволува Уставот.
Кастекс, кој е од редовите на десничарската Републиканска партија, како причина за неговата евентуална оставка наведе дека е еден од оние кои сметаат дека е потребен нов поттик по реизборот на Макрон.
За Ле Пен рече дека никогаш не управувала со ништо, ниту била на власт. паг/
   

Остани поврзан