• сабота, 06 декември 2025

Францускиот министер за правда Дипонд-Морети му одржа предавање по правопис на пратеник од десничарската опозиција

Францускиот министер за правда Дипонд-Морети му одржа предавање по правопис на пратеник од десничарската опозиција
Париз, 19 септември 2020 (МИА) – Пратеничката од ЛР (Републиканците-опозиција од десницата), Натали Порт, сакаше со амандман да внесе во закон кога некој граѓанин сака да се обрати до Советот за економија, социјала и животна средина, тоа да бие направено на чист „коректен француски“ јазик. За возврат, таа доби лекција по правопис од министер за правда Ерик Дипонд-Морети, јави дописникот на МИА. Многумина од опозицијата мислат дека Ерик Дупонд-Морети не успева да се наметне во политиката, а поранешниот адвокат во средата докажа дека не изгубил ништо од неговата реторика. За време на разгледувањето во Националното собрание на нацрт-законот за реформа на условите за претставки до Советот за економија, социјала и животна средина министерот за правда остро го преформулира амандманот на пратеничката на ЛР, Натали Порт. Таа поднесе амандман кој има за цел во законот да се внесе потребата за „правилен француски“ за да може да се упати барање до советот. Амандманот веќе беше отфрлен на самиот почетокот од Ерван Баланант, известувач за нацрт-законот на Републиката во движење. -Сметам дека е прилично смешно, но исто така и дискриминирачко. Имаме луѓе кои понекогаш имаат правописни проблеми, тоа може да се случи, рече тој, осврнувајќи се и на случајот со пратениците за да ја илустрира неговата поента. -Јас, на пример, не сум најсјајниот во правописот, посочи известувачот. Министерот за правда потоа го зеде микрофонот и започна: - Извинете ме, госпоѓо пратеник, многу сум шокиран од овој амандман. Би сакал да ви кажам, но нема да се задржам на ова, дека некој што е многу близок до мене и кој има иста националност како нашата, на училиште беше само една година и дека таа не пишува француски како вас, рече тој. - Посебно мислам на мајка ми која ја напушти земјата на потекло за да избега од сиромаштијата и пристигна во оваа голема земја, нагласи Ерик Дипонд-Морети. Пред да го зададе последниот удар: -Исто така, би сакал да ви кажам дека го поднесовте вапиот амандман и вие напишавте: „Тој мора да биде“. („Il devra-t-être.“) Во него имаше едно „т“ повеќе, а сепак го разгледуваме вашиот амандман . тг/

Остани поврзан