• понеделник, 23 декември 2024

Францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер во посета на Општина Куманово и гимназијата „Гоце Делчев“

Францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер во посета на Општина Куманово и гимназијата „Гоце Делчев“

Куманово, 5 мај 2023 (МИА) - Амбасадорот на Франција, Сирил Бомгартнер, денеска беше во општина Куманово, каде оствари средба со градоначалникот, Максим Димитриевски и ја посети кумановската гимназија „Гоце Делчев“.

-Со амбасадорот разговаравме на повеќе теми, заклучивме дека општина Куманово има одлична соработка со амбасадата, таа ќе се продлабочи. Oпфативме и други сегменти за можни идни соработки и во скоро време ќе имаме уште една средба на која ќе најдеме начини, билатералната соработка меѓу двете држави, која сега е на успешно ниво да се продлабочи, изјави градоначалникот Димитриевски.

Тие ја посетија кумановската гимназија каде веќе 23 години функционира билингвална македонско-француска парлелка. Францускиот амбасадор рече дека целосно ги поддржува билингвалните паралелки, како во Куманово, така и во другите градови.

-Во оваа гимназија, освен францускиот јазик, одредени предмети како математика, природни науки се учат на француски јазик. Тоа значи дека треба многу напор да се вложува, за учениците повеќе часови во однос на врсниците. Но, да се избере билингвална е одличен избор. Се сретнав со средношколците и сум воодушевен од нивото на познавање на францускиот јазик, истакна амбасадорот.

Тој ги повика основците да ја изберат оваа паралелка. Амбасадорот во изјавата за медиумите рече дека меѓу Амбасадата и Куманово има силни институционални врски и личните врски се блиски.

-Перспективите не наведуваат дека треба уште повеќе да ги зајакнеме овие врски, рече амбасадорот Бомгартнер. ам/дма/

Фото: МИА и Општина Куманово

Остани поврзан