• понеделник, 23 декември 2024

Францускиот предлог претставен пред Стратешкиот совет на МНР

Францускиот предлог претставен пред Стратешкиот совет на МНР
Скопје, 4 јули 2022 (МИА) - Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска го свика Стратешкиот совет за надворешна политика со цел одржување консултации за предлогот на ЕУ за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија. Стратешкиот совет претставува еден од столбовите за изградба на долгогодишната стратегија за надворешна политика на Северна Македонија, во процесот кој се иницираше минатата година од страна на Министерството – Рефлексија2030. Османи на состанокот детално ги образложи главните елементи од последниот предлог, кои, како што соопшти МНР, не задираат во идентитетските прашања и после речиси две децениски кандидатски статус овозможуваат да се отвораат заслужените пристапни преговори. -Во светло и на пошироките геополитички импликации, како резултат на руската агресија врз Украина и потребата од политичка стабилност и предвидлив развој на нашиот регион, продолжувањето на нашите европски интеграции особено добива на значење, нагласи Османи, информира во соопштение МНР. Од МНР истакнуваат дека консултациите со сите релевантни општествени чинители претставуваат важен аспект од процесот на донесување на конечна одлука за овој историски момент за насоката на која ќе се движи државата.лв/ки/

Остани поврзан