• сабота, 23 ноември 2024

Француската професорка Кристин Ле Паб со оптимизам гледа на интеграцијата на нашата земја во ЕУ

Француската професорка Кристин Ле Паб со оптимизам гледа на интеграцијата на нашата земја во ЕУ

Штип, 27 септември 2023 (МИА) -  Франција со позитивен став гледа кон интеграцијата на вашата држава, вели универзитетската професорка на Правникот факултет во Тулуз, Кристин Ле Паб  која предава историја на право, меѓудржавни и политички односи, а денеска беше дел од десеттата, Меѓународна научна конференција на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.  

-Ректорот на нашиот Универзитет, би сакал, како еден прв чекор во таа интеграција да ги доближи македонските универзитети во соработка со нашиот Универзитет и Универзитетите во Франција, вели Ле Паб.

Во врска со прашањето  кога ЕУ ќе ги отвори вратите за проширување, Ле Паб  со оптимизам вели дека се надеваат најскоро, колку што е возможно. Забележува дека Европската унија дава насоки на нашата земја за усогласување на законодавството со ЕУ. Тоа го прави чекор по чекор.

-Ние сакаме Македонија да стане дел од ЕУ, но притоа и да си ја задржи сопствената бит, односно сопствената убавина и традиција, вели Ле Паб.

За прашањето колкави се казните за функционерите во Франција доколку на суд се докаже вина за корупција и криманал, универзитетската професорка  вели дека во Франција тоа не е проблем за што јавноста разговара или дебатира.

-Не е популарно, едноставно не е тема на дискусија во нашите медиуми. Има една репутација на чесност и ние им веруваме, имаме доверба во системот и дека функционерите се чесни, вели Ле Паб. вдј/љм/

Фото: МИА 

 

Остани поврзан