• четврток, 26 декември 2024

Француската министерка за надворешни работи на средба со кинескиот премиер: Франција е посветена на дијалогот со Кина

Француската министерка за надворешни работи на средба со кинескиот премиер: Франција е посветена на дијалогот со Кина

Пекинг, 24 ноември 2023 (МИА) - Франција е посветена на дијалогот со Кина, изјави француската министерка за надворешни работи Кетрин Колона во Пекинг.

Посетата на Колона на кинеската престолнина е фокусирана на зајакнување на односите меѓу двете земји во областа на образованието и туризмот.

„Навистина сме посветени на дијалогот со Кина. Двете земји се постојани членки на Советот за безбедност (на ОН) и имаат глобална одговорност... да најдат одговори на големите предизвици“, рече Колона на средбата со кинескиот премиер Ли Кианг.

Кинескиот премиер, пак, рече дека „под стратешко водство на претседателот Си Џинпинг и претседателот Макрон, односите меѓу Кина и Франција од оваа година се развиваат во подобра насока“.

„Следната година ќе ја одбележиме 60-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Кина и Франција, за што двете страни вложуваат напори со надеж дека во 60-тата година ќе има голем развој и голем пробив“, рече Ли.

Колона е во Кина пред посетата на Пекинг на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел закажана за почетокот на следниот месец. Ова ќе биде прва средба на ова ниво со кинескиот претседател Си Џинпинг во последните четири години. паг/

 

 

 

Остани поврзан