Француската ЕДФ откри радиоактивно истекување во електраната Сиво, нема безбедносен ризик
- Француската ЕДФ минатата среда откри радиоактивно истекување во примарното коло за ладење во нуклеарната централа Сиво, објави компанијата, додавајќи дека нема безбедносен ризик.

Париз, 7 ноември 2022 (МИА) - Француската ЕДФ минатата среда откри радиоактивно истекување во примарното коло за ладење во нуклеарната централа Сиво, објави компанијата, додавајќи дека нема безбедносен ризик.
Истекувањето се случи во реакторот 1 на електраната Сиво, но не е измерена радиоактивност надвор од неа.
Тој инцидент може да го одложи рестартирањето на реакторот планирано за 8 јануари, изјави денеска извор запознат со ситуацијата.
Нуклеарната централа се наоѓа на околу 40 километри југоисточно од Поатје, град на западот на Франција. паг/