Франција ќе и достави на Украина лесни борбени возила
- Елисејската палата соопшти дека францускиот претседател Емануел Макрон денеска телефонски разговарал со украинскиот колега Володимир Зеленски

Париз, 4 јануари 2023 (МИА) – Елисејската палата соопшти дека францускиот претседател Емануел Макрон денеска телефонски разговарал со украинскиот колега Володимир Зеленски.
Како што се наведува во соопштението Макрон потврдил дека Франција ќе и достави на Украина лесни борбени возила АМКС-10 РЦ.
Но, не се наведени обемот или времето на планираните испораки на француско оружје за Украина. ми/