• сабота, 23 ноември 2024

Франција ќе го зголеми своето воено присуство на источното крило на НАТО со тенкови и оклопни возила

Франција ќе го зголеми своето воено присуство на источното крило на НАТО со тенкови и оклопни возила
Париз, 11 октоимври 2022 (МИА) -    Франција планира да го зајакне своето воено присуство на источното крило на НАТО со  оклопни возила и  тенкови во Романија во ноември и пешадиска чета во Естонија следната година, јавија француските медиуми. -Одлуката на претседателот Емануел Макрон за зајакнување на одбранбеното присуство во Источна Европа ја зеде предвид ситуацијата на источното крило на НАТО и жестоките борби во Украина, изјави министерот Себастиен Лекорну пред комисијата за одбрана во францускиот Сенат. Франција е земја учесничка во мисијата на НАТО во Романија, која вклучува 350 француски војници, како и воен персонал од Белгија и Холандија. Воени извори велат дека Париз се подготвува да го удвои своето сегашно присуство во земјата во ноември со десетина оклопни возила и исто толку тенкови Леклер. -Ќе продолжиме да го зајакнуваме нашето одбранбено присуство во Литванија, посочи Лекорну, прецизирајќи дека тоа ќе се постигне со испраќање борбени авиони Рафал, кои ќе обезбедуваат воздушно надгледување. Тој додаде дека пешадиска чета опремена со воени возила Грифон ќе пристигне во Естонија во 2023 година, што ќе го зголеми француското присуство во земјата за дополнителни стотина луѓе. Досега во балтичката држава во рамките на партнерството на НАТО се стационирани триста француски воени лица. зш/

Остани поврзан