• понеделник, 23 декември 2024

Франција би можела оваа зима повторно да активира една електрана на јаглен

Франција би можела оваа зима повторно да активира една електрана на јаглен
Париз, 27 јуни 2022 (МИА) - Електраната на јаглен на истокот на Франција, затворена на 31 март, би можела да биде рестартирана зимава, со оглед на ситуацијата во Украина и тензиите на енергетскиот пазар, потврди француското Министерство за енергетска транзиција. Од Министерството изјавија дека ја оставаат можноста за активирање на централата Сент Аволд на дополнителни неколку часа, доколку има потреба, за следната зима. Како што беше наведено, Франција во секој случај ќе остане под еден процент од електричната енергија произведена од јаглен, а руски јаглен нема да се користи. Во Франција има само уште една електрана на јаглен во Кордеме на запад, каде што повеќе од 67 отсто од електричната енергија се произведува од нуклеарни извори, а фосилните горива сочинуваат 7,5 отсто во 2020 година, од кои 0,3 отсто биле јаглен и 6,9 проценти гас. Министерството соопшти дека рестартирањето на централата се вклопува во нејзиниот план за затворање и дека планот на претседателот Емануел Макрон за затворање на сите фабрики на јаглен во Франција останува непроменет. паг/

Остани поврзан