• понеделник, 16 декември 2024

Форумот на жени на Движењето БЕСА, организираше трибина по повод 16 дена активизам против насилството врз жените

Форумот на жени на Движењето БЕСА, организираше трибина по повод 16 дена активизам против насилството врз жените

Скопје, 9 декември 2024


Форумот на жени на Движењето БЕСА, денеска организираше трибина во рамки на 16-те дена активизам против насилството врз жените. Панелистите покажаа бројни случаи на насилство врз жените во нашата земја, било да е тоа физичко, емоционално, психичко и економско насилство и дека тоа не е само приватно прашање, туку и социјален проблем кој не засега сите нас.

На оваа трибина беше договорено секоја мала акција да донесе промени, затоа не треба да молчиме, треба да го кренеме гласот, свеста и поддршката за иницијативите кои водат кон елиминирање на насилството врз жените и девојчињата и дека заедно можеме да изградиме општество без насилство!

Движење БЕСА

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан