• четврток, 03 октомври 2024

Форт Ворт домаќин на годинешното ВТА-финале

Форт Ворт домаќин на годинешното ВТА-финале
Њујорк, 6 септември 2022 (МИА) – Женската тениска асоцијација (ВТА) соопшти денеска дека американскиот град Форт Ворт ќе биде домаќин на годинешниот завршен турнир за тенисерки. ВТА-финалето на кое настапуваат најдобрите осум тенисерки во сингл и двојки ќе се одржи во сојузната држава Тексас од 31 октомври до 7 ноември. Завршниот турнир во женска конкуренција последен пат се играше во САД во 2005 година, кога домаќин беше Лос Анџелес. Од следната година домаќин на ВТА-финалето повторно ќе биде кинескиот град Шенжен, кој беше организатор во 2019 година. ег/ссм/  
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан