• вторник, 24 декември 2024

Формиран Кризен штаб за пожарот во модуларната болница во Тетово

Формиран Кризен штаб за пожарот во модуларната болница во Тетово
Скопје, 8 септември 2021 (МИА) - Поради пожарот во тетовскиот Ковид центар формиран е кризен штаб предводен од премиерот Зоран Заев, во кој се и Артан Груби, Љупчо Николовски, Венко Филипче, Оливер Спасовски, Насер Нуредини,Фатмир Бесими, Крешник Бектеши и Теута Арифи. МИА ќе се вклучи во живо од изјавата на премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче, по состанокот на Кризниот штаб. Во секој момент се очекува да бидат соопштени детали за пожарот каде, како што е и официјално потврдено, има жртви. Пожарот избувна околу 21 часот. Интервенирале преку 30 пожарникари со седум возила по што е целосно изгаснат. дма/мч/

Остани поврзан