• сабота, 27 јули 2024

Формирани двојките за четвртфиналето на Купот на Америка

Формирани двојките за четвртфиналето на Купот на Америка
Бразилија, 29 јуни 2021 (МИА) – Познати се осумте репрезентации кои ќе играт во четвртфиналната фаза од фудбалскиот Куп на Америка. Аргентина како прва во групата А, ќе игра против Еквадор, кој заврши четврти во другата група. Репрезентацијата на Бразил, рангирана на првото место во групата Б, ќе игра против Чиле. На другите натпревари, Уругвај ќе игра против Колумбија, додека Перу ќе се соочи со Парагвај. Натпреварите ќе се играат на 3 и 4 јули. зс/

Остани поврзан