• вторник, 24 декември 2024

Форин полиси: Русите се обидуваат да регрутираат авганистански командоси

Форин полиси: Русите се обидуваат да регрутираат авганистански командоси

Вашингтон, 26 октомври 2022 (МИА) - Членовите на командоската единица на авганистанската армија, кои се обучени од американски и британски специјални сили, според Форин полиси, се контактирани од Русија и им се нуди да се приклучат на руската армија и да се борат во Украина.

Повеќе авганистански воени и безбедносни извори изјавиле за Форин полиси дека испраќањето командоси во Русија може да има значително влијание на фронтот. Како што потсетуваат агенциите, минатата година кога западните сили го напуштија Авганистан, зад себе оставија 20-30 илјади командоси доброволци. Само мал број беа евакуирани кога талибанците ја презедоа контролата во Авганистан, а некои побегнаа во соседните земји за да избегнат да бидат заробени и егзекутирани од талибанците. Многу од овие командоси сега се без работа, а некои сè уште чекаат да добијат сместување во Велика Британија или во САД.

Остани поврзан