• четврток, 26 декември 2024

Фон дер Лајен со Вучиќ со поддршка за ЕУ-интеграциите и почеток на изградба на пругата Ниш - Брестовац - Лесковац на Коридорот 10

Фон дер Лајен со Вучиќ со поддршка за ЕУ-интеграциите и почеток на изградба на пругата Ниш - Брестовац - Лесковац на Коридорот 10
Белград, 30 септември 2021 (МИА) - Претседателот на Србија Александар Вучиќ и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во Долно Меѓурово крај Ниш го означија почетокот на работите за модернизација и рехабилитација на пругата Ниш - Брестовац, на меѓународниот железнички Коридор 10 и присуствуваа на потпишување на договорот помеѓу ЈП Коридори на Србија и конзорциум STRABAG AG и STRABAG доо Белград за изградба на првата фаза од „автопатот на мирот“ (Ниш - Приштина) на делницата Мерошина - Мерошина 1, јави дописникот на МИА од Белград. - Коридорот 10 ја поврзува Србија со Австрија и Грција и навистина е иницијатор за економијата, инвестициите, економскиот план што веќе функционира во Србија... потпишувањето на овој договор е симбол за подобра иднина на Србија во Европската унија, изјави на прес-конференцијата Фон дер Лајен. Таа порача дека таа и ЕУ силно го поддржуваат европскиот пат на Србија, ги пофали властите за реформите и отворањето на нови кластери, но исто така спомена дека постојат предуслови за влез во ЕУ. - ЕУ ги изгради своите вредности кои се инкорпорирани во владеењето на правото. Знаеме дека работите на тоа, тоа е процес што продолжува и во Србија и во ЕУ, бидејќи демократијата и владеењето на правото се големи вредности на кои мора да се работи секој ден, изјави Фон дер Лајен. Таа посочи дека економските интеграции се основа на ЕУ и дека на единствениот пазар Србија и Западен Балкан мора да работат заедно, на интегриран начин, за да се олесни пристапот во ЕУ. - Регионалната интеграција е важна бидејќи е во корист на граѓаните и треба да се одвива паралелно со процесот на пристапување и јас ја поддржувам, изјави претседателката на ЕК. Претседателот Александар Вучиќ посочи дека денеска е важен ден за Србија, бидејќи изградбата на автопатот Ниш - Мерошина, како и модернизацијата на пругата Ниш - Брестовац, се огромни промени, додавајќи дека посетата на Фон дер Лајен е историска. Кога станува збор за модернизација на пругата Ниш - Брестовац, Вучиќ рече дека ќе се изградат 23 километри, за што 75 отсто од средствата ќе бидат покриени од ЕУ или 45 милиони евра. - Пругата ќе биде еден од најважните патишта помеѓу југот и северот на Европа, а Ниш станува многу важен за Србија, бидејќи е центар на патиштата кон Софија, Скопје и Приштина. Тој се заблагодари на ЕУ, но и на германската канцеларка Ангела Меркел за изградбата на автопатот на мирот, Ниш - Приштина, бидејќи, како што рече, тој пат е резултат на Берлинскиот процес. - Сега градиме 5,5 километри, а вкупно ќе бидат 33 километри до Плочник. Вредноста е 225 милиони, а ЕУ плаќа 41 милион, рече Вучиќ. Тој најави дека се очекува наскоро да се потпише модернизација за првата делница од пругата Белград-Ниш, од 243 километри, од кои 230 километри Србија работи со ЕК, во вредноста од околу 1,8 милијарди евра, а Србија добива огромни неповратни финансиски средства од ЕУ со што од центарот на Белград до центарот на Ниш ќе се патува за 2,15 часа. - За членството во ЕУ е важно да се решат односите со Приштина, нема да бидеме членка додека не ги решиме тие односи, истакна денеска претседателот на Србија, Александар Вучиќ, додавајќи дека тоа треба да го знаат во Србија. Вучиќ, исто така, посочи дека е во интерес на Србија да напредува и во економијата и во владеењето на правото, повикувајќи се на зборовите на Фон дер Лајен. Тој посочи и дека е важно да се каже дека ЕУ ѝ даде на Србија стотици милиони евра и дека за изградбата на целиот коридор се приближува бројката од една милијарда евра. об/паг/

Остани поврзан