• сабота, 23 ноември 2024

Фон дер Лајен: Реформата на миграциската политика е огромен чекор за Европа

Фон дер Лајен: Реформата на миграциската политика е огромен чекор за Европа

Брисел, 10 април 2024 (МИА) - Реформата на миграциската политика е огромен чекор за Европа, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Овој ден е навистина историски“, рече таа на прес-конференција во Брисел, поздравувајќи го фактот дека пактот за миграција конечно станува реалност.

Претходно денеска, нацрт-законот за миграција беше одобрен од Европскиот парламент. Тој беше поздравен од Берлин и Атина, а Варшава изрази несогласување. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан