• сабота, 31 август 2024

Фон дер Лајен: Првата и основна должност на Европејците е сами да го заштитат сопствениот континент

Фон дер Лајен: Првата и основна должност на Европејците е сами да го заштитат сопствениот континент

Прага, 30 август 2024 (МИА) - Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска на регионалниот безбедносен форум ГЛОБСЕК во Прага изјави дека е благодарна на САД, но дека заштитата на Европа е прва и основна должност на самите Европејци и дека континентот мора да ја изгради својата европска одбрана.

„Европа го надмина својот недостиг на волја да вложува во одбраната. Не можам доволно да ја нагласам поддршката на САД, Америка уште еднаш застана покрај слободата на сите Европејци, но заштитата на Европа е прва и основна должност на Европејците“, рече претседателот на ЕК на отворањето на тридневниот меѓународен форум.

Европската функционерка предупреди дека почетокот на оваа деценија урна многу илузии на стариот континент, илузијата за траен мир, илузијата дека на рускиот претседател Владимир Путин мирот ќе му значи повеќе отколку неговите империјални илузии, како и илузијата дека економските врски и работите гарантираат мир.

„Ние Европејците мора да имаме средства да се заштитиме себеси и да одбиеме каков било напад. Ќе биде потребно време и големи вложувања за да се рестартира одбранбената индустрија. Мораме да размислуваме за безбедносниот аспект во сè што правиме“, рече Фон дер Лајен.

Таа ги критикуваше оние во Европската унија кои повикуваат на итен прекин на војната без оглед на условите. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан