Фон дер Лајен на 17 јуни ќе учествува на работната средба на европските лидери
- Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ќе учествува на работната средба на шефовите на држави и шефови на влади на земјите од ЕУ закажана за понеделник во Брисел.

Брисел, 14 јуни 2024 (МИА) - Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ќе учествува на работната средба на шефовите на држави и шефови на влади на земјите од ЕУ закажана за понеделник (17 јуни) во Брисел.
Ова денеска го потврди портпарол на ЕК, откако претходно неделава беше прецизирано дека нејзиното учество не е сигурно.
В понеделник се очекува првпат да се сретнат учесниците на Европскиот совет за да разговараат за резултатите од изборите за Европскиот парламент. На 27 и 28 јуни тие повторно ќе се сретнат во Брисел на редовен состанок на кој се очекува да потврдат кандидат за следен претседател на ЕК. рп/
Фото: МИА архива