• среда, 25 декември 2024

Фон дер Лајен е сигурна дека ќе има мнозинство за уставните измени

Фон дер Лајен е сигурна дека ќе има мнозинство за уставните измени
Скопје, 26 октомври 2022 (МИА) - Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен смета дека ќе се постигне мнозинство и уставните измени ќе бидат изгласани. -На билатералната средба зборувавме за оваа важна тема за уставните измени. Сигурна сум дека луѓето од Северна Македонија ќе постигнат мнозинство и ќе гласаат позитивно за уставните измени. Постигнавте многу, бевте успешни во напредувањето и сигурна сум дека ќе најдете убедливи аргументи за сите да сфатат дека сите се одгворини за придонес кон тоа земјата да се движи напред. Ги повикувам сите политичари да го остварат сонот на младите луѓе кои сакаат да се дел од ЕУ, рече Фон дер Лајен, одговорајќи на новинарски прашања по заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски. мч/ки/    

Остани поврзан