Фон дер Лајен го осуди иранскиот напад врз Израел
- Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го осуди воздушниот напад на Иран врз Израел.

Брисел, 14 април 2024 (МИА) - Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го осуди воздушниот напад на Иран врз Израел.
Во објава на мрежата Х утринава, Фон дер Лајен го повика официјален Техеран веднаш да ги прекине воздушните напади.
„Силно го осудувам бесрамниот и неоправдан напад на Иран врз Израел и го повикувам официјален Техеран и неговите претставници веднаш да ги прекинат овие напади“, порача Фон дер Лејен. паг/
Фото: МИА архива