• недела, 21 јули 2024

Фонтаните на Китино Кале претворени во базени за летни задоволства

Фонтаните на Китино Кале претворени во базени за летни задоволства
Кичево, 22 август 2021 (МИА) - Наместо да бидат наменети единствено за разубавување на целиот локалитет, фонтаните на Китино Кале, што се изградија лани, летово се претворија во базени за летни задоволства за деца. На тој начин, фонтаните се оштетуваат и се нагрдува нивниот лик, велат од општината. - Откако се наполнети со вода новоизградените фонтани, често се случува да бидат претворени во мали базени за разладување на помладите наши сограѓани.Не само што не треба да служат за оваа намена, новоизградените фонтани се оштетуваат од неодговорното однесување на децата, кои фонтаните ги претворија во базени за сопствени потреби, вели Дарко Белески од Општина Кичево и нагласи дека и останатата опрема се оштетува од неодговорни граѓани. На повеќе места на фонтаните можат да се забележат искршени или извадени плочки, иако се уште оваа реконструкција на Китиното Кале официјално не е завршена. - Дел наши помлади сограѓани побрзаа да ги оштетат фонтаните, а има штети и на урбаната опрема, детските игралишта и клупите за седење, вели  Белески. Според него, единственото решение за овие проблеми го гледа во поставување 24 часовно обезбедување на калето што секако ќе помогне штетите да бидат помали. за/цр

Остани поврзан