• четврток, 26 декември 2024

Фонтане: Франција може да се врати во нормала есента 2021 година

Фонтане: Франција може да се врати во нормала есента 2021 година
Париз, 26 ноември 2020 (МИА) - Епидемиологот Арно Фонтане, еден од советниците на француската Влада за пандемијата на коронавирусот, денеска изјави дека Франција може да се врати во ситуација слична на периодот пред избувнувањето на Ковид-19 до есента 2021 година. Фонтане додаде дека подобрувањето зависи од третманот на болеста и масовната вакцинација од најмалку 80 до 90 отсто од населението во земјата. Францускиот претседател Емануел Макрон потврди дека блокадата воведена за ограничување на понатамошното ширење на коронавирусот ќе биде продолжена. Во Франција досега има 2.170.097 случаи на коронавирус и 50.618 смртни случаи предизвикани од оваа болест. паг/  

Остани поврзан