• недела, 28 јули 2024

Фолклорната група ,,Вапцаров" од Делчево учесник на Меѓународен фестивал во Косово

Фолклорната група ,,Вапцаров
Делчево, 21 мај 2022 (МИА) - Фолкорната група ,,Вапцаров" од Делчево замина за Косово, каде ќе настапи на Меѓународниот фестивал во Витиa. На фестивалот, како што информираше Методи Толевски, директор на Центарот за култура ,,Н.Ј.Вапцаров", во чиј состав работи фолклорната група, ќе настапат повеќе фолклорни групи од Европа и Азија. - Се работи за фестивал на кој ќе настапат фолклорни групи од Италија, Кипар, Индија, земјата домаќин и нашата фолкорна група која е единствен македонски претставник. Се надеваме дека достојно ќе го претставиме овдешниот и македонскиот изворен фоклор, рече Толевски. За кореографот Кристијан Трајановски ваквите гостувања се награда за одличните настапи кои групата ги имаше пред еден месец во Измир, Турција. - Во Турција секогаш сме одлично пречекани, така беше и на изминатото гостување од кое се изродија нови пријателства помеѓу самите играорци, рече Трајановски. Од Националната установа Центар за култура додадоа дека гостувањата во странство се поддржани од Министерството за култура на Република Северна Македонија. вс/оџ    

Остани поврзан