• сабота, 23 ноември 2024

Фокс њуз: Администрацијата на Обама знаела за манипулациите на Хилари Клинтон

Фокс њуз: Администрацијата на Обама знаела за манипулациите на Хилари Клинтон
Њујорк, 30 септември 2020 (МИА) - Разузнавачките служби на САД покажуваат дека администрацијата на поранешниот претседател Барак Обама знаела дека поранешната кандидатка за претседател на Демократската партија, Хилари Клинтон се обидува да го поврзе Доналд Трамп со Русија и со тоа да го пренасочи вниманието на јавноста од контроверзниот скандал околу спорните мејлови пред претседателските избори во 2016 година. Директорот на канцеларијата Џон Ретклиф во вторникот писмено го извести Комитетот за правосудство на Сенатот дека претходната администрација ги добила руските разузнавачки податоци во јули 2016 година со обвинувања против Клинтон, но предупреди дека разузнавачката заедница „не знае колку се точни овие обвинувања, ниту во колкава мера анализата на руската разузнавачка служба може да рефлектира претерување или измислица, објави „Фокс њуз“. Писмото на Ретклиф не дава детали за разузнавачките податоци, но открива дека рачно напишани белешки на поранешниот директор на ЦИА Џон Бренан покажуваат дека поранешниот претседател Обама бил информиран за тоа. Според Ретклиф, разузнавачките податоци вклучуваат „наводно одобрување на Хилари Клинтон на 26 јули 2016 година да се спроведе предлогот на еден нејзин советник за надворешна политика и да се посрамоти Доналд Трамп со предизвикување скандал кој упатува на вмешаност на руската служба за безбедности“. Портпаролот на Хилари Клинтон, Ник Мерил овие обвинувања ги нарече „неосновани“. Претседателот на Комитетот за правосудство во Сенатот, Линдсеј Греам рече дека ќе ги разгледа информациите, истакнувајќи дека Ретклиф ќе ги презентира во доверливо опкружување. паг/

Остани поврзан