Флик по пресвртот против Ваљадолид: Моравме да вложиме повеќе труд отколку што очекувавме
- Тренерот на Барселона, Ханси Флик, беше задоволен од синоќешната победа од 2-1 над Ваљадолид на гости. Германскиот стручњак направи многу промени во својот состав, давајќи им шанса на некои млади играчи, со цел да ги задржи некои од своите главни играчи за реваншот од Лигата на шампионите со Интер.

Ваљадолид, 4 мај 2025 (МИА) - Тренерот на Барселона, Ханси Флик, беше задоволен од синоќешната победа од 2-1 над Ваљадолид на гости. Германскиот стручњак направи многу промени во својот состав, давајќи им шанса на некои млади играчи, со цел да ги задржи некои од своите главни играчи за реваншот од Лигата на шампионите со Интер.
-Целта беше да освоиме три бода и затоа сум среќен, иако успехот дојде тешко. Не сум разочаран од тимот, бидејќи направивме многу промени и тоа е секогаш тешко. Имам доверба во моите играчи, тие дадоа сè од себе и не беше лесно да се игра во оваа ситуација. Имаше некои грешки, но важно е што на крајот победивме. Моравме да вложиме повеќе труд отколку што очекувавме, но тоа е нормално кога губите со 0:1, изјави Флик по мечот.
Флик, исто така, го прокоментира враќањето на Тер Штеген меѓу стативите на клубот по над 200 дена пауза.
-Во второто полувреме ја покажа својата класа. Среќен сум што го гледам ваков. Сепак, Шчесни ќе биде на голот во Лигата на шампионите, како и во дербито со Реал, истакна тој. дс
Фото: Архива