• понеделник, 23 декември 2024

ФК Фенербахче: Нашиот претседател е нападнат од фудбалски терорист

ФК Фенербахче: Нашиот претседател е нападнат од фудбалски терорист

Истанбул, 18 август 2024 (МИА) - На претседателот на Фенербахче на вчерашниот меч против Гезтепе му беше фрлено шише во глава, а вработен во ривалскиот клуб го турна. Станува збор за Фатих Озкан.

По натпреварот, Фенербахче излезе со соопштение во кое, особено, го нарекоа вработениот во Гезтепе кој го турна „фудбалски терорист“. И се пожали дека против него не е преземено ништо.

- Кој му дава храброст на овој човек кој не се двоуми да изврши злосторство пред милиони луѓе и да го напушти стадионот без да преземе ништо против него? – прашуваат од Фенербахче.

Натпреварот помеѓу Гезтепе и Фенербахче заврши нерешено 2:2. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан