• вторник, 24 декември 2024

Фиџи: Климатските промени се поголема закана од војната

Фиџи: Климатските промени се поголема закана од војната
Сингапур, 12 јуни 2022 (МИА) – Претставниците на Фиџи на Азискиот безбедносен самит предупредија дека климатските промени претставуваат поголема закана за Пацификот отколку воените тензии. - Митралезите, борбените авиони … не се наша примарна безбедносна грижа. Најголемата закана за нашето постоење се климатските промени, изјави министерот за одбрана на Фиџи, Инија Серуирату за Би-Би-Си. Самитот во Сингапур се фокусира на тензиите меѓу Кина и САД и војната во Украина, но претставникот на Фиџи укажа на опасноста од климатските промени, потсетувајќи дека циклони во неколку наврати ги погодија Фиџи и другите островски земји на Тихиот Океан. - Тоа ги загрозува нашите надежи и соништа за просперитет. Луѓето предизвикаа разорни климатски промени, предупреди Серуирату на форумот наречен Шангри-Ла Дијалог. јт/

Остани поврзан