Фицо на средба со Маск: САД не сакаат да се мешаат во внатрешните работи на други земји
- „Задоволство ми е да ве информирам за средбата со главниот претставник на Одделот за владина ефикасност, добро познатиот мултимилијардер Илон Маск... Разговаравме за затворањето на УСАИД, американската агенција која одвои доста средства за невладини организации и медиуми во Словачка“, рече Фицо во видео објавено на Фејсбук по средбата со Маск во Вашингтон.

Вашингтон, 21 февруари 2025 (МИА) - Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска разговараше со шефот на американското Министерство за ефикасност на владата (ДОГЕ) Илон Маск за затворањето на американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), кој му рече дека САД не сакаат парите на нивните даночни обврзници да се користат за мешање во внатрешните работи на други земји.
„Задоволство ми е да ве информирам за средбата со главниот претставник на Одделот за владина ефикасност, добро познатиот мултимилијардер Илон Маск... Разговаравме за затворањето на УСАИД, американската агенција која одвои доста средства за невладини организации и медиуми во Словачка“, рече Фицо во видео објавено на Фејсбук по средбата со Маск во Вашингтон.
Словачкиот премиер додаде дека „антивладините медиуми и разни антивладини организации“ потоа тие пари ги користеле за своите активности против Владата на Словачка.
„Маск не увери дека таа ера е завршена, и дека администрацијата на новиот американски претседател не е заинтересирана преку американски пари да се меша во внатрешните работи на другите земји“, рече Фицо.сд/
фото:МИА архива