Фицо е во свесна состојба
- Премиерот на Словачка, Роберт Фицо, по неколкучасовната операција поради здобиените повреди во вчерашниот атентат, е во свесна состојба, објавија локалните медиуми

Братислава, 16 мај 2024 (МИА) – Премиерот на Словачка, Роберт Фицо, по неколкучасовната операција поради здобиените повреди во вчерашниот атентат, е во свесна состојба, објавија локалните медиуми.
Но, медиумите не наведуваат детали за здравствената состојба на Фицо, кој вчера беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ.
Напаѓачот е познатиот словачки писател Јурај Цинтула, кој тврди дека пукал во Фицо бидејќи не се согласувал со политиката на Владата.
Словачкиот премиер се здоби со повреди во градите и стомакот и со хеликоптер беше пренесен во болница, каде му беше извршена операција. ми/
фото: МИА архива