• недела, 22 декември 2024

Фифти Сент ќе бара самостојно старателство над синот

Фифти Сент ќе бара самостојно старателство над синот

Лос Анџелес, 29 март 2024 (МИА) - Американскиот рапер Фифти Сент ќе побара самостојно старателство над синот што го има со Дафне Џој, откако таа е посочна како наводна сексуална работничка во тужбата против музичарот Шон Комбс - „Диди“.

„Со оглед на најновите случувања и вести за вмешаноста на Дафне Џој во тужбата на Диди, Фифти Сент ќе бара самостојно старателство над неговиот син“, изјави извор близок до двојката за „Ју-ес викли“ (Us Weekly).

Портпаролот на Фифти рече дека нема коментар за овие наводи.

Раперот и Дафне беа во врска во 2011. и 2012 година. Тие се разделија набргу по раѓањето на нивниот син Сајр. По последните наводи, Фифти на својот интернет-простор објави фотографија од себе со пура и не многу пријателски коментар за поранешната девојка.

„Не знаев дека си сексуална работничка. Мала сексуална работничка. 'ЛОЛ'. Овие г**нарии се претворија во филм", напиша музичарот.

Според западните медиуми, во судските документи Дафне Џој е обвинета дека била вмешана како сексуална работничка, заедно со Јанг Мајами и Џејд Рејми, во наводниот синџир за секс-трговија на Диди. За нив, наводно, раперот „се фалел“ дека им плаќал „месечна стипендија“ за нивната сексуална работа.  си/ссм/

Фото: ЕПА

Остани поврзан