• вторник, 01 октомври 2024

ФИФА одобри 12 стадиони кои ќе бидат домаќини на натпревари од Светското клупско првенство

ФИФА одобри 12 стадиони кои ќе бидат домаќини на натпревари од Светското клупско првенство

Цирих, 29 септември 2024 (МИА) - Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) објави 12 стадиони кои ќе бидат домаќини на натпревари од Светското клупско првенство во 2025 година.

Светското клупско првенство во променет формат ќе се одржи од 15 јуни до 13 јули 2025 година во САД. На турнирот за прв пат ќе учествуваат 32 екипи.

Натпреварите ќе се играат во Њу Џерси, Шарлот, Синсинати, Лос Анџелес, Мајами, Нешвил, Орландо (две арени), Филаделфија, Сиетл, Вашингтон и Атланта.

Финалниот натпревар на турнирот ќе се одржи на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан