ФИФА им дозволи на репрезентациите да вклучат 26 играчи во апликацијата за Мундијалот во Катар
- Светската фудбалска федерација (ФИФА) го одобри проширувањето на апликацијата на репрезентациите за Светското првенство во Катар 2022.
Цирих, 23 јуни 2022 (МИА) – Светската фудбалска федерација (ФИФА) го одобри проширувањето на апликацијата на репрезентациите за Светското првенство во Катар 2022.
Како што соопшти прес-службата на ФИФА, зголемен е бројот на играчи кои ќе бидат вклучени во финалната апликација на репрезентацијата од 23 на 26. Максималниот број на играчи во прелиминарната пријавена листа е зголемен од 35 на 55.
Исто така, на клупата на тимот сега можат да се најдат 26 луѓе, од кои 15 се заменски играчи, а 11 официјални лица, меѓу кои и лекар.
Се известува дека последниот натпревар на клупско ниво за играчите вклучени во конечниот список на нивните тимови мора да се одржи најдоцна до 13 ноември 2022 година.
Светското првенство во Катар ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември оваа година. зс/