ФИФА апелира да се евакуираат фудбалерки од Авганистан
- Светската фудбалска федерација ги повика владите на некои земји да извршат итна евакуација на фудбалерки од Авганистан.
Цирих, 22 август 2021 (МИА) – Светската фудбалска федерација ги повика владите на некои земји да извршат итна евакуација на фудбалерки од Авганистан.
Откако Талибанците ја презедоа власта во земјата, фудбалерките почнаа да се плашат за своите животи.
Федерацијата „FIFPro“, исто така, побара помош за спортистките. Во оваа организација веќе се разработуваат планови за евакуација на фудбалерките и нивно одведување на безбедно. зс/