• сабота, 23 ноември 2024

ФИТР: Вкупно 39 училишта во финална селекција на „Предизвик за млади истражувачи 3"

ФИТР: Вкупно 39 училишта во финална селекција на „Предизвик за млади истражувачи 3
Скопје, 21 мај 2020 (МИА) - Вкупно 39 основни и средни училишта влегоа во финалната селекција на јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи 3" на Фондот за иновации и технолошки развој, кој се спроведува во соработка со Министерството за образование и наука. Како што соопшти денеска ФИТР, наредните два дена тимовите на учениците од 19 основни и 20 средни училишта, согласно препораките за превенција и заштита од Ковид- 19, онлајн ќе ги презентираат своите проекти пред комисијата составена од претставници на МОН, Бирото за развој на образование, Фонд за иновации и технолошки развој, универзитетски професори и партнерски организации.

-Охрабрува тоа што и во услови на криза и затворени училишта, на јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи 3" дури 58 училишта доставија свои предлог проекти. Од нив 28 се од основни, а вкупно  30 од средни училишта од цела Македонија. Најмногу поднесени апликации се од училиштата на територија на град Скопје – вкупно 23, но апликации има од над дваесет места во земјава меѓу кои Велес, Свети Николе, Прилеп, Битола, Кратково, Гостоивар и Тетово, се наведува во соопштението на ФИТР.

Оттаму посочуваат дека се опфатени речиси сите области од природните и техничките науки, а во најголем дел предлог прооектите се поврзани со истражување на полето на биологија, физика и хемија. На проектите би работеле над 300 ученици.

-Побаруваниот износ од училиштата е  12 милиони денари, што е двојно повеќе од предвидениот буџет кој изнесува 6.000.000 денари. Буџетот предевиден за поединечен предлог проект е до 300.000 денари, односно дополнителни 30.000 денари за ментори, наменети за обуки, семинари, конференции што би придонеле кон поуспешна реализација на проектот. Во рамките на претходните два јавни повици, досега се  поддржани 54 училишта кои работат на вакви проекти а во кој се вклучени околу 500 ученици и професори, информира ФИТР.

Предизвикот беше отворен од 24 јануари годинава, а поради настанатата ситуација со пандемијата, на барање на училиштата рокот беше продолжен до 6 април.бт/скс/

Остани поврзан