• понеделник, 23 декември 2024

Финска најави нов пакет помош за Украина во вредност од речиси 160 милиони евра

Финска најави нов пакет помош за Украина во вредност од речиси 160 милиони евра

Хелсинки, 28 јуни 2024 (МИА) - Финска денеска го објави својот 24-ти пакет воена помош за Украина, кој се состои од одбранбен материјал во вредност од околу 159 милиони евра (170 милиони долари).

Вкупниот износ на воена помош што Финска и ја дава на Украина сега изнесува 2,2 милијарди евра (2,3 милијарди долари), објави финското Министерство за одбрана.

Според Институтот за светска економија Кил (IfV Kiel), кој ја следи меѓународната помош за Украина, Финска обезбедила и 239 милиони евра (255 милиони американски долари) хуманитарна и финансиска поддршка до крајот на април 2024 година. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан