Финер започна со продажба на оброци од бизнис класа во супермаркет
- Финската национална авиокомпанија „Финер“ започна со продажба на оброци од бизнис класа во супермаркет за да спречи отпуштања во нејзината угостителска единица поради Ковид-19.
Хелсинки, 26 октомври 2020 (МИА) - Финската национална авиокомпанија „Финер“ започна со продажба на оброци од бизнис класа во супермаркет за да спречи отпуштања во нејзината угостителска единица поради Ковид-19.
„Оброците брзо станаа хит, продавајќи 1.600 парчиња за неколку дена во супермаркет во близина на аеродромот Хелсинки-Ванта, соопшти „Финер“.
Компанијата планира да започне со продажба на оброци од бизнис класа и во други супермаркети.
- Има вишоци во Финер и веќе има отпуштања, затоа се обидуваме да најдеме нови иновативни начини, изјави Марика Ниминен, шеф на кујната на „Финер“.
Компанијата минатиот вторник соопшти дека ќе укине 700 работни места до март 2021 година.
Главните јадења во кујната на „Финер“, кои се продаваат за 12,90 евра за парче, се состојат од говедско месо со сос од ротквица, сервирана со кромид печен на скара и ориз. паг/