• среда, 27 ноември 2024

Се анализира зошто изведувачот не го заврши автопатот Кичево-Охрид и дали проектите  биле квалитетно направени, изјави премиерот

Се анализира зошто изведувачот не го заврши автопатот Кичево-Охрид и дали проектите  биле квалитетно направени, изјави премиерот

Скопје, 7 ноември 2023 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски вели дека анализите што се прават за автопатот Кичево- Охрид треба да одговорат дали изведувачот и неговите подизведувачи по 10 години се во состојба да изведат вакво решение и дали проектантските куќи го направиле проектирањето како што треба. Ангажираниот Фидик експерт, како што изјави денеска, ќе треба да каже кои се ефектите за начините на кои би се продолжило, дали со истиот изведувач, или би се прекинала соработката, во кој случај би имало финансиски импликации што ќе ги дефинира меѓународниот арбитражен суд што е наведен во Договорот за проектот, изгласан во Собранието.

-Врз основа на сите информации што ќе бидат прибрани ќе биде предложена одлука до Собранието, кое ќе го има финалниот збор бидејќи Собранието со Закон ја задолжило Владата да работи на ова решение, на овој начин и со тој изведувач од Кина, рече Ковачевски, на новинарско прашање по денешната посета на Пивара Скопје. 

Собранието, укажа премиерот, мора да ја направи која било промена бидејќи Договорот со изведувачот е направен со законско решение.

Ставањето карти на „голема Албанија“ е најмалку 145 години задоцнето и нерелевантно. По влегувањето во НАТО за нашата држава релевантни се мапата на земји членки на НАТО и на обединета Европа

Според Ковачевски, 600. милиони евра за автопатот што се гради од 2014 година не одат „во контејнер“ затоа што 75 проценти  од патот се веќе изградени, но, како што рече, проблем е што самото проектирање и репроектирање не биле направени на квалитетен начин и затоа овој пат се гради бесконечно.  

Од таа причина, посочи Ковачевски, ќе биде пред пратениците бидејќи Договорот е со законско решение. Секоја промена и анекс кон Договорот практично значи стапување на новите одредби со одлука на Собранието. Затоа веќе има ревизија во Јавното претпријатие за државни патишта во однос на финансиските апсекти на капиталните проекти и процедуралните аспекти.  Исто така ќе биде повикан и Фидик експерт кој ќе треба да даде извештај во однос на начинот на изведување на овој автопат.

-Од она што го имам како информација и врз основа на која и ја дадов мојата изјава е дека по продолжувањето на градењето на автопатот односно склучувањето  на Анексот повторно на самата траса се појавиле нови 11 свлечишта кои не овозможуваат довршување на автопатот во овој момент. Од таа страна тоа е нешто ќе треба да се исправи, но од друга страна се поставува друго прашање дали тој изведувач и неговите подизведувачи по 10 години се во состојба да изведат едно вакво решение. И самите проектантски куќи кои имаат лиценци за да проектираат вакви големи инфраструктурни проекти  дали го направиле на начин на кој треба да биде направено и ќе овозможи брза, навремена и квалитена изградба на автопатот.  Ова се прашањата што ќе треба да ги одговорат двете анализи што се прават, а Министерството за транспорт и  врски ќе треба да ги достави до Владата, рече Ковачевски.

Истовремено, дополни премиерот, Фидик експертот ќе треба да утврди и кои се ефектите за начините на кои би се продолжило, дали со истиот изведувач, или би се прекинала соработката, бидејќи во тој случај нормално дека постојат финансиски импликации кои можат единствено да бидат дефинирани од страна на меѓународен арбитражен суд, кој е наведен во Договорот којшто е изгласан во Собранието. Врз основа на сите информации што ќе бидат прибрани, додаде тој, ќе биде предложена одлука до Собранието, кое ќе го има финалниот збор. 

Во однос на тоа кој ќе понесе одговорност за тоа што не е завршен автопатот и евентуалните финансиски пенали, Ковачевски потенцираше дека изградбата на инфраструктурата е во одговорност и надлежност на Министерството за транспорт, но оти одговорни за проектирањето се проектантските куќи кои ги правеле прокетите, а тие, како што нагласи, имаат име и презиме и лиценци што ги добиле во државава. Одговорен за изведба на работите, пак, дополни, е изведувачот на работите кој има Договор со сила на Закон. Додаде дека таа договорна страна, изведувачот, врз основа на проекти од проектанти со лиценци, имаат прифатено дека автопатот ќе го завршат до крајот на 2023 година преку Анекс на Договорот што е одобрен од страна на Собранието. 

-Сега треба да се направи анализа зошто не е завршено, зошто изведувачот не успеал да го заврши, дали проектите биле правени биле квалитетно направени, дали тие што ги правеле ги заслужуваат лиценците што ги имаат за да направат проекти. Ќе ви направам аналогија, тоа е исто како да имате овластен книгиводител кој ги прмашува завршните сметки на една компанија и се поставува прашањето дали ја заслужува лиценцата да биде овластен сметководител. Исто и кај проектантите, ако постојано имате проекти со кои им се појавуваат нови и нови свлечишта, а сигурно ако тука имате  свлечишта не можете да направите автопат кој е функционален, три дена ќе биде затрупан со земја. Сето тоа треба да се анализира и врз основа на анализите до Собранието ќе биде доставено предлог решение кое Собранието на крај треба да го анализира, рече Ковачевски. 

Рокот за реализација на автопатот Кичево-Охрид истекува на 31 декември годинава, а дотогаш, според Министерството за транспорт и врски, треба се донесе одлука со најсоодветното решение за дореализација на проектот. Изградбата на автопатот, проектиран со вкупна должина од 57 километри, почна во 2014 година и од првично предвидените 374 милиони достигна вредност од 598 милиони евра. Не е завршен и покрај неколкуте анекси на Договорот со кинески „Синохидро“ со кои беа продолжени роковите. лв/ац/ 

фото: МИА, Принтскрин

Остани поврзан