• вторник, 24 декември 2024

Финализирани седум капитални проекти по повод роденденот на Општина Кисела Вода

Финализирани седум капитални проекти по повод роденденот на Општина Кисела Вода
Скопје, 3 јули 2022 (МИА) - Пинтија доби современ спортски центар. Во изминатиов период, Општина Кисела Вода изведе градежни активности за целосна реконструкција на уништеното игралиште на улицата “Јабланица” коe од денеска, освен што има нов лик, е и целосно функционално, информираат од општина Кисела Вода. Како што соопштуваат оттаму поставена е нова еластична тартан подлога. Обележани се терените за фудбал и кошарка, поставени се и нови табли за кошеви. Околу игралиштето се уреди патека од павер елементи, а претходно, се изврши и расчистување на дивото зеленило и грмушките. Во рамки на овој рекреативен сквер, Општина Кисела Вода постави и урбана опрема, клупи за одмор, чешма, со што се заокружи целокупниот проект, седми и последен од предвидените седум инфраструктурни капитални проекти кои ги реализира Општина Кисела Вода по повод 67-миот роденден. -Седум, за седумтте дена кои се одвиваа под мотото “67 Години Моја Кисела Вода”. За потсетување, во текот на претходните денови, Општина Кисела Вода го отвори паркот “Иднина”, на кружниот тек меѓу Кисела Вода и Припор, финализираше со санација на три клучни сообраќајници во Драчево, ги заврши градежните активности за новата градинка, прва досега во Усје, изврши целосна санација на сите улици во Пржино, отпочна со иградба на фекална канализација во 11 Октомври бараки, како и на изградба на нова водоводна мрежа долга 1 450 метри на улица  “Илија Ристевски” со краците во село Драчево, е наведено во соопштението. Во рамки на роденденското празнување, синоќа беше затворено и Културното лето со концертите на Жељко Самарџиќ и Боби Павловски на кои како што информираат од општината имало преку 10 000 посетители. Претходно, масовно посетени, со неколкуилјадна публика беа и трите други фестивалски денови во кои настапија Влатко Лозано, Ефто Пупиновски, Филип Шурбевски Езгија квартет, ДНК, ДЈ Оги, Теа Трајковска, Наум Петрески и Зуица Лазова, Владимир Попоски, Миле Кузмановски, Златните славејчиња, Студио Данса Латина Стефи, како и други жонглери, магионичари и забавувачи за најмладите.свс/цр

Остани поврзан