• среда, 27 ноември 2024

Финален настан на едукативната активност „Имам став“

Финален настан на едукативната активност „Имам став“

Скопје, 2 мај 2023 (МИА) - Во Собранието денеска ќе се одржи финален настан на едукативната активност „Имам став“ за ученици од средните училишта во земјава. 

Едукативната активност „Имам став!“ претставува симулација на процесот на разгледување предлог-закон во рамките на Собранието. Целта е приближување на работата на Собранието и процесот на донесување на закони до младата популација, што ќе придонесе за развивање на нивната свест за демократијата и ќе ги поттикне и подготви за општествена и политичка критичност и вклученост.

Теми за дискусија на денешниот финален настан се Безбедноста во патниот сообраќај, Борбата со феноменот на лажни вести и Начинот на исхрана и конзумирањето на брза храна.

Учесници се ученици од средните училишта „Раде Јовчевски-Корчагин“ од Скопје, „Јосип Броз-Тито“ од Битола и „Мирче Ацев“ од Прилеп. 

Победниците ќе бидат прогласени на крајот на настанот. ев/сп/
 


 

Остани поврзан