• вторник, 24 декември 2024

Филмот „Исцелител" на „Кино на отворено" во Кисела Вода

Филмот „Исцелител
Скопје, 13 август 2022 (МИА) - Филмот „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески ќе се прикажува вечер пред Домот на културата „Билјана Беличанец” во Општина Кисела Вода, во рамки на летниот филмски фестивал „Кино на отворено“. Проекцијата е во 21 часот. Од Општината соопштија дека како и за сите досегашни проекции, влезот е бесплатен, а половина час порано, за најмладите ќе се прикажуваат анимирани филмови од архивата на „МакеДокс“.

Летниот филмски фестивал е во организација на Општина Кисела Вода и се одржува со поддршка на „МакеДокс“. Почна во вторникот, а ќе заврши утре. бт/мч/

Остани поврзан