• вторник, 24 декември 2024

Филипче: Епидемијата се стишува, но олабавувањето на мерките ќе оди постепено

Филипче: Епидемијата се стишува, но олабавувањето на мерките ќе оди постепено
Скопје, 30 април 2020 (МИА) - Бројот на тестови се намалува затоа што бројот на лица за кои се сомневаме дека се заболени од КОВИД-19 е сѐ помал, објави вечерва министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук. - Епидемијата се стишува, како што и очекувавме во овој период. Со олабавување на мерките треба да спречиме голем број на ново дијагностицирани пациенти. Затоа олабавувањето ќе оди постепено, со препораки, со задолжително носење на маски, на одржување на дистанца - само на тој начин епидемијата ќе ја држиме под контрола, наведува Филипче во објавата. сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан