Филипче: Со масовна вакцинација до побрзо справување со пандемијата предизвикана од кронавирусот
- Министерот за здравство Венко Филипче денеска преку својот фејсбук-профил апелираше граѓаните да се пријават за вакцинација со цел побрзо надминување на пандемијата предизвикана од коронавиру
Скопје, 10 април 2021 (МИА) - Министерот за здравство Венко Филипче денеска преку својот фејсбук-профил апелираше граѓаните да се пријават за вакцинација со цел побрзо надминување на пандемијата предизвикана од коронавирусот.
- Сега е време да придонесеме за побрзо надминување на пандемијата со коронавирусот. Процесот на имунизација е пред нас и само со вакцинација на голем број граѓани ќе успееме да стекнеме колективен имунитет. Пријави се за вакцинација денес. vakcinacija.mk, напиша министерот Филипче на Фејсбук. сст/дма/