• петок, 27 декември 2024

Филипче: Никој не останал без лекарска грижа, на останатите клиники се направени зелени зони за вообичаените прегледи

Филипче: Никој не останал без лекарска грижа, на останатите клиники се направени зелени зони за вообичаените прегледи
Скопје, 6 септември 2021 (МИА) - Никој не останал без лекарска грижа. За превентивата која што се одвива кај матичните лекари не е ништо променето, меѓутоа кај специјалистите и специјалистичките прегледи во сите болници во моментот кај што се третираат ковид пациенти не се запрени останатите прегледи, изјави на денешната прес-коференција министерот за здравство Венко Филипче. Во однос на притисокот врз останатите болнички капацитети во четвртиот бран, Филипче нагласи дека и покрај тоа што даваат кадар во ковид центрите работата на останатите клиники не е запрена. - Во Клиничкиот центар на Интерните клиники и покрај тоа што се зафатени одделенијата со ковид пациенти за Неврологија, еден дел за уво, нос и грло и за дерматологија, останатите клиники се направени и зелени зони и место каде што се движат лекарите за вообичаените прегледи, така што на останатите клиники работата и покрај тоа што даваат кадар во ковид центрите не е запрен, изјави Филипче. Значи, посочи Филипче, целосно со целосен капацитет работат амбулантите и на гастро, и на пулмологија, целата Интерна клиника. аа/рп/

Остани поврзан